23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKoenigsegg тргнува во лов на Bugatti Veyron

Koenigsegg тргнува во лов на Bugatti Veyron

one

„Koenigsegg“ ги соопшти првите детали за новиот модел „One:1“, кој е дизајниран да го надмине „Bugatti Veyron“.

Сопственикот на компанијата, Кристијан фон Коенигсег, откри дека ознаката „One:1“ претставува однос меѓу масата и снагата на моторот. Тоа значи дека автомобилот подготвен за возење без возач има маса од 1.400kg, додека пак моторот ќе произведува исто толку коњски сили.

Како што објави сопственикот, според компјутерските пресметки, „One:1“ ќе биде најбрзиот сериски автомобил кога се во прашање забрзувањата од 0-200, 0-300 и 0-400 km/h. Шведскиот производител дури тврди дека нивниот автомобил до 400 km/h ќе стигнува за неверојатни 20 секунди, што е за 25 секунди побрзо од резултатот кој го постигнува „Veyron Super Sport“.

Максималната можна брзина на возилото ќе биде барем 450 km/h, што е за 20 km/h повеќе од хиперавтомобилот на „Bugatti“, кога од него ќе се тргне ограничувањето на брзината, додека најбрзиот сериски „Veyron“ кој се испорачува на пазарот достигнува „дури“ 415 km/h.

Останува да се види дали од безбедносни причини и „Koenigsegg“ електронски ќе ја ограничи најголемата брзина на својот модел кога ќе се најде во продажба.

Од „Koenigsegg“ соопштија дека прототип моделот на „One:1“ ќе биде готов до крајот на 2013-та година, како и дека ќе се произведува во серија од само шест примероци. Иако цената на автомобилот ќе биде значително поголема во однос на моделот „Agera S“, сопственикот на компанијата признава дека неговата продажба најверојатно ќе им донесе загуба.

Тоа не треба да чуди, затоа што според најновите информации „Bugatti“ на секој „Veyron“ во просек губи по 4.65 милиони евра. Од друга страна, „One:1“ треба да претставува одлична реклама за компанијата и така да допринесе за поголем профит на другите модели кои ќе се произведуваат во иднина.

Исто така, технологиите кои се развиени за „One:1“ ќе бидат искористени за другите, „евтини“ модели на овој производител.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП