20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНЕКОЛКУ НАМИРНИЦИ ПОМАГААТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ АЛЕРГИИТЕ: Истражувањата утврдија што да јадете...

НЕКОЛКУ НАМИРНИЦИ ПОМАГААТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ АЛЕРГИИТЕ: Истражувањата утврдија што да јадете на пролет

Пролетните алергии може да се ублажат со употреба на одредена храна.

Нутриционистката Џена Волп, која има направено истражување за алергии и храна, рече дека постојат одредени видови храна и билки кои можат да им помогнат на оние кои страдаат од пролетни алергии.

Докторката Кејти Голден ја истражувала и врската помеѓу алергиите и храната.

-Витаминот Ц е микронутриент растворлив во вода кој се наоѓа во многу зеленчуци. Може да игра неколку важни улоги во телото, како што е борбата против алергиите, бидејќи помага во регулирањето на природните воспалителни реакции на телото. Зеленчуците особено богати со витамин Ц вклучуваат црвени пиперки, брокула, карфиол, зелка и прокељ, рече Голден, според Њујорк пост.

Прокељ

Прокељ, како и повеќето намирници богати со витамин Ц, може да ги ублажи алергиските реакции.

Листови од коприва

Доколку не сте конкретно алергични на коприва, можете да го користите ова растение како превентива. Всушност, многу студии покажаа дека чајот од коприва е ефикасен ако страдате од алергии.

Се препорачува користење на суви листови од коприва. Прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 15 до 20 минути.

Портокали

Докторката Волп истакна дека и портокалите, богат извор на витамин Ц, се исто така многу ефикасни кога имате пролетни алергии. Ова е потврдено со многу студии.

Мед

А медот е многу здрав за нашиот организам. Здравиот пчелен производ има благотворно дејство кога се во прашање сезонските алергии. Високото ниво на прополис, како и витамините кои помагаат во градењето и зачувувањето на имунолошкиот систем, можат да му помогнат на телото да се бори против алергиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП