28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради најавите за силен дожд, настанот „Вози право, вози здраво“ во недела...

Поради најавите за силен дожд, настанот „Вози право, вози здраво“ во недела ќе почне од 11 часот

Стартот на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ vol.7, што ќе се одржи во недела (28 мај), ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, наместо од 17 часот како што првично беше најавено. Промената на времето е поради променливите временски услови и најавата за пороен дожд во периодот за кога е закажана ревијалната трка.

Освен промената на времето на одржување на ревијалната трка, сѐ друго останува исто. Учесниците ќе стартуваат од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што ќе има освежување и грицки за сите учесници, голема забава и богата лотарија.

Регистрацијата за овој настан е отворена до сабота и се одвива преку следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП