24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнзаги: Бевме фантастични, требаше да дадеме уште некој гол

Инзаги: Бевме фантастични, требаше да дадеме уште некој гол

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше презадоволен од играта на неговиот тим по доминатната 0:2 победа над Милан во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, предупредувајќи ги своите играчи дека треба да направат само уште еден чекор до остварување на сонот, пласманот во големото финале.

„Многу сум задоволен, првото полувреме беше фантастично и искрено можевме да дадеме повеќе од два гола. Мечот беше одличен, имавме искуство од претходните рунди, но знаеме дека ова е само полувреме. Следниот пат ќе ги имаме нашите навивачи зад нас и ќе го направиме последниот чекор за да се оствари овој сон“, вели Инзаги.

„Нераѕурите“ ја потврдија својата фантастична одбрана во Лигата на шампионите, успевајќи да ги сопрат сите обиди на градските ривали.

„Момците го покрија секој дел од теренот, си помагаа и ја завршија својата работа“, додава Инзаги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП