20 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

berza

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(23.09 – 27.09.2013)

 

 

И минатата недела на Македонската берза помина во знакот на слабото тргување и на понатамошниот пад на вредноста на индексот на акции МБИ-10. Поради неделниот пад на неколку акции кои се компоненти на индексот, неговата неделна корекција надолу беше -0,95%. Иако навидум прометот во споредба со претходната недела забележа пораст од 385% и достигна 81 милион денари, неговата структура покажува дека безмалку 80% од него отпадна на тргувањето со државни обврзници од денационализација, а само 20% или околу 16,5 милиони денари на тргување со акции.

Од прометот со акции, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка Скопје со промет од 6,2 милиони денари. Покрај неа, промет од над 1 милион денари реализираа и акциите на Алаклоид Скопје со 2,8 милиони, Македонијатурист Скопје со 1,6 милиони и Македонски Телеком Скопје со 1 милион денари неделен промет.

Минатата недела ја одбележаа две акции кои подолг период успеваа да одржат определено ценовно ниво без поголеми флуктуации, пред се благодарејќи на дивидендата која ја исплаќаа и солидниот дивиденден принос, но кои забележаа посериозни падови во последните две недели. Тоа се акциите на Македонијатурист Скопје и Македонски Телеком Скопје. Македонијатурист Скопје само минатата недела имаше пад од -2,32% (од пред две недели, падот е -6,35%) и тргувањето го заврши на цена од 2.950 денари за акција. На оваа цена, доколку се земе в предвид последната нето исплатена дивиденда од компанијата, дивидендниот принос изнесува 6,65%.  Македонски Телеком Скопје имаше пад минатата недела од -2,00% (од пред две недели, падот е -4,67%) и тргувањето го заврши на цена од 490 денари за акција. Нето дивидендиот принос на оваа цена е 10,69%. Па и покрај ваквите атрактивни дивиденди приноси што ги нудат овие две акции, интересот за нивното купување кај приватните и институционалните инвеститори е премал (ако се спореди со количините кои се нудат за продажба), што секако тоа е податок кој треба да загрижува.

На регионалните берзи индексите имаа релативно мали корекции во различни насоки. SBI10 неделата ја заврши со пораст од +0,46%, Crobex забележа пад од -0,14%, Belex имаше нешто посилен неделен пораст од +3,46%, благодарение на порастот на цената на акцијата на АИК банка Ниш, додека Sofix имаше пад од -1,08%.

Несогласувањето околу одобрувањето на ново кредитно задолжување на буџетот на САД директно влијаеше врз падот на цените на акциите на американските берзи и на воздржаноста на инвеститорите од нови вложувања. DOW JONES неделата ја заврши со пад од -0,93%, NASDAQ имаше пораст од +0,43%, а S&P 500 неделата ја заврши со пад од -0,59%. Европските берзи главно реагираа на настаните во САД како и на политичката криза која повторно се појавува во Италија, па неделата ја завршија со минимални промени. DAX забележа неделен раст од +0,30%, FTSE 100 ја затвори неделата со пад од -0,68%, додека францускиот CAC 40 имаше пораст од +0,35%. На азиските берзи, јапонскиот NIKKEI 225 имаше пораст од +0,12%. HANG-SENG пак неделата ја заврши со пад од -0,70%.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП