5 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 30.09.2013

Техничка анализа EUR/USD 30.09.2013

euro_and_dollar

Со отварањето на берзите и почеток на нова недела проследивме мал пад  на еврото во однос на американскиот долар кој е резултат на корекција од нагорниот тренд.

Во повеќе случаеви корекцијата или повраток на цената контра главниот тренд се случуваат токму на отварање на нова недела на берзата и цената формира бранови по “Eliot wave”теоријата, кој ги одбележуваме од највисок врв до прво пониско дно (1-2), од пониското дно до нов врв (2-3) и од последниот врв до ново најниско дно (3-4). Кога ќе се креира последно дно (4) може да очекуваме повторно следење на трендот(во овој случај кај валутниот пар EUR/USD трендот е нагорен) и пробив над највисокиот врв кој беше достигнат претходната недела на цена 1,3570.

Корекцијата може временски да трае 2-3 дена во зависност од тоа кога ќе достигне до некој повлијателна поддршка, а поддршките на корективните бранови кој ги одредуваме со помош на супериорните нивоа на Фибоначи калкулирани од последното дно и последниот врв на 127% при цена 1,3433 и најдолно ниво на 161.8% на цена 1,3395.

Економските индикатори ни наведуваат значајно опоравување на економијата во еврозоната, со одлични резулатати како намалувањето на инфлацијата во Германија до 1,4%, намалување на инфлацијата во Шпанија на 0,3% и зголемувањето на стапката на бруто домашното производство во Франција на 0,5%.

Наш предлог за тргување оваа недела е да се почека целосно евентуалната корекција и пад на цената на EUR/USD до нивоата што ги одредивме 1,3433 или 1,3395 од каде може повторно да поставиме налози за купување на евро во однос на долар со лимит на евентуална загуба до 70 пипа а граница за собирање на профит на највисокиот врв од претходната недела на цена 1,3570.

eurusd

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП