4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали 'рчењето за време на спиењето може да предизвика смрт? „Зголемен ризик...

Дали ‘рчењето за време на спиењето може да предизвика смрт? „Зголемен ризик од фатална болест“

Доколку спиете на грб, поголема е можноста да сте склони кон ‘рчење, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Имено, оние кои имаат тенденција да ‘рчат имаат речиси двојно поголема веројатност да доживеат мозочен удар отколку луѓето кои спијат мирно.

Една нова студија на ирски истражувачи покажа дека сите оние кои имаат тенденција да ‘рчат ноќе се изложени на поголем ризик од оваа смртоносна состојба.

Оваа студија опфати 4.500 постари лица и испитуваше дали проблемите со спиењето се поврзани со мозочниот удар. Луѓето кои дремеле повеќе од еден час имале 88 проценти поголема веројатност од оние кои не дремеле, додека ноќното ‘рчење трипати го зголемило тој ризик.

Д-р Кристин Мекарти од Универзитетот во Голвеј истакна дека луѓето треба да бидат предупредени за потенцијалните здравствени компликации кои произлегуваат од ‘рчењето.

“Со овие резултати, лекарите би можеле порано да разговараат со луѓето кои имаат проблеми со спиењето и да ги предупредат за потенцијални проблеми. Имено, нашите резултати покажуваат дека проблемите со спиењето можат да го зголемат ризикот од мозочен удар”, вели таа.

Мозочните удари се чест здравствен проблем, а оваа смртоносна состојба обично е предизвикана од блокирање на крвните садови кои го снабдуваат мозокот со крв.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП