25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците открија дека постои пијалок кој хидрира подобро од водата

Научниците открија дека постои пијалок кој хидрира подобро од водата

Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.

Истражување од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус ги спореди одговорите на неколку различни пијалоци со хидратацијата. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е сепак подобро.

Според Роналд Моган, професор на Св. Ендрјус и авторот на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалок. Исто така, еден од факторите е нутритивниот состав на пијалокот.

Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот.

Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП