ПочетнаКОМПАНИИТрета фаза од продажбата на акциите на GM

Трета фаза од продажбата на акциите на GM

gm1

Американското министерство за финансии денес ја започна третата фаза за продажба на своите акции во „General Motors – GM“

Официјалните претставници на Министерството не обезбедија дополнителни детали за продажбата, но познато е дека американската влада во овој момент поседува 101,3 милиони акции во „GM“, односно сопственост на 7,3 проценти од компанијата, пренесува агенцијата АП.

Во рамките на пакетот помош за „GM“ од 49,5 милијарди долари, американската влада првично поседуваше 60,8 проценти од уделот во компанијата.

Во декември минатата година, американското Министерство за финансии го претстави планот со кој се предвидува државата да излезе од „GM“ во рок од 12 до 15 месеци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП