20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси се враќа во Барселона?

Меси се враќа во Барселона?

Лионел Меси го освои трофејот на Светското првенство со Аргентина, но има лоша сезона на клупски план со Пари Сен Жермен. Тој изминатиот викенд доби свирежи од фановите на ПСЖ кои го обвинуваат за раната елиминација на „светците“ во Лигата на шампионите, па во знак на револт не ги поздрави на крајот од натпреварот со Рен и замина во соблекувалната.

Како што открива каталонски „Спорт“, тоа бил пресуден момент за Меси да одлучи да замине од Париз ова лето. Иако има неколку опции пред себе, понуди од Саудиска Арабија и од МЛС лигата на САД, тој сака да се врати на „Камп Ноу“.

Но, голем проблем за негово враќање е финансиската ситуација во која се наоѓа Барселона. Во овој момент каталонскиот клуб нема можност да го врати Меси поради лошата финансиска состојба. Лапорта и раководните луѓе на Барселона треба да пронајдат начин да вбризгаат околу 200 милиони евра за клубот да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА. Ангажманот на Лионел Меси засега не е дел од тој план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП