28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува кога ќе се наруши биоритамот?

Што се случува кога ќе се наруши биоритамот?

Редовниот ноќен сон, заедно со квалитетна исхрана и соодветна физичка активност се најдобриот начин за заштита на здравјето и забавување на биолошкото стареење. Несоницата, работата во смени и „жртвувањето на ноќниот сон“ заради малку повеќе слободно време, пак, се фактори на ризик за развој на болести на виталните органи. Истражувачите ја нагласуваат и врската помеѓу работата во смени, ризикот од дијабетес и депресија. Студијата објавена во The Journal of the American Heart Association испитувала податоци на 2.000 луѓе постари од 45 години и ги потврдила сомнежите што ги покажало претходните истражувања.

Што се случува кога „биолошкиот часовник е нарушен“?

„Постојат сè повеќе докази за поврзаност помеѓу неправилниот сон и кардиоваскуларниот ризик“, вели д-р Келси М. Фул, доцент на Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, Тенеси. Нарушувањата на нивото на деноноќниот ритам се начин да се разбере тесната врска помеѓу редовниот ноќен сон и срцевите заболувања. Кога е нарушен биолошкиот часовник, се зголемува ризикот од зголемување на артерискиот притисок.

„Речиси сите кардиоваскуларни дејства, вклучително и отчукувањата на срцето, крвниот притисок и ендотелијалната функција се контролирани од деноноќниот ритам“, вели д-р Фул.

И на срцето му треба одмор

И срцето е мускул на кој му треба одмор, вели д-р Доналд М. Лојд-Џонс, од Универзитетот Нортвестерн. За време на фазите на спиење, со исклучок на РЕМ фазата, срцето успорува. Во поголемиот дел од циклусот на спиење, освен во РЕМ фазата, отчукувањата на срцето се забавуваат, што му овозможува на срцето да се „регенерира“.

„Ако спиеме нередовно или често се будиме во текот на ноќта, срцето не може да се одмори на најдобар можен начин“, објаснува Лојд-Џонс.

Три столба на добро здравје

Експертите нагласуваат дека редовниот сон може да биде вистински еликсир за нашето тело и заедно со физичката активност и урамнотежена исхрана најдобра заштита од болести и предвремено стареење на организмот.

„Лошиот сон и несоодветната исхрана се дел од еден ист маѓепсан круг“, вели д-р Нур Макарем, Факултетот за јавно здравје Мејлман на Универзитетот Колумбија.

Правилната исхрана и физичката активност со години се два столба на доброто здравје. Редовното ноќно спиење не беше толку во фокусот на истражувачите, па експертите веруваат дека не е изненадување што повеќето луѓе, во отсуство на слободно виме, прво се откажуваат од неколку часа сон. Лекарите нагласуваат дека 7 до 9 часа редовен ноќен сон е доволно за здрави возрасни лица, во зависност од индивидуалните потреби.

8 фактори на кардиоваскуларното здравје

Во 2022 година, американските кардиолози препознаа 8 фактори кои се клучни за доброто кардиоваскуларно здравје. Тоа се:

• Квалитетна исхрана
• Соодветна физичка активност
• Избегнување на активно и пасивно пушење
• Квалитетен сон
• Соодветна телесна тежина
• Добра контрола на холестеролот
• Контрола на шеќерот во крвта
• Контрола на крвниот притисок

Важно е да развиеме добри навики кога станува збор за редовен сон, секогаш да спиеме и да се будиме во исто време. Доколку сме уморни во текот на денот дозволено е максимум 30 минути сон. Истражувачите нагласуваат дека е потврдено дека кратката попладневна дремка може да биде охрабрувачка за телото во иста мера како и квалитетниот ноќен сон.

Совет е за физички вежби да резервирате некои часови порано во текот на денот, исто така добро е да избегнувате богати и зачинети оброци, да спиете во потемна и малку поладна просторија. Подобро ќе спиеме ако пред спиење ги исклучиме мобилните уреди, ТВ екраните и сите извори на сина светлина кои можат негативно да влијаат на нашиот „внатрешен часовник“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП