26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕуфорија во Буенос Аирес, Меси пристигна во аргентинската престолнина(ВИДЕО)

Еуфорија во Буенос Аирес, Меси пристигна во аргентинската престолнина(ВИДЕО)

Лионел Меси, три месеци по освојувањето на светската титула со Аргентина се врати дома. Аргентина, во петок, против Панама ќе го одигра првиот по финалето во Катар.

Меси е лидер на оваа селекција и идил на милиони Аргентинци. Колква е неговата популарност во татковината покажува и хистеријата која настана во Буенос Аирес кога луѓето го забележале Меси.

Лео се упатил на вечера во ресторанот „Дон Хулио“, во Буенос Аирес. Не успеал да остане незабележан. Кога случајните минувачи го препознале, настанал хаос. Меси, само за момент им избегал на фановите. За неколку минути стотици навивачи ги блокираа улиците пред ресторанот. Навивачите на Меси два часа чекале пред „Дон Хулио“, непрекинато пеејќи и скандирајќи го неговото име.

Еуфорично било и во ресоторано. Кога сфатиле кој влегол, персоналот и гостите почнале да врескаат и постојано да о фотографираат Меси. Тој им се смеел и им мафтал.

Кога решил да замине од ресоранот, Меси се соочил со неколку илјадо фанови и имал проблем да стигне до својот автомобил.

На крајот безбедно стигнал до својот автомобил, благодарение на полицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП