9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ алармира поради раст на државниот долг на Албанија

ММФ алармира поради раст на државниот долг на Албанија

alba

Државниот долг на Албанија расте со загрижувачко темпо, ги предупредиле експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставниците на Министерството за финансии на Албанија на средба оддржана во Тирана, на која била разгледувана реализацијата на државниот буџет на земјата.

Повикувајќи се на извори од Министерството за финансии, албанската агенција АТА, јави дека главни теми на средбата биле пензискиот систем и социјалното осигурување.

Во текот на оваа недела претставници на ММФ во Тирана имаа средба и со директорот на Агенцијата за управување со државниот долг, на која била анализирана структурата на албанскиот долг, што меѓу другото ги вклучува и обврските на државата кон фирмите.

Според Фондот, долговите кон фирмите претставуваат голем проблем за Албанија.

Претставниците на ММФ се сретнале и со гувернерот на Албанската централна банка, Ардијан Фулани, со кого разговарале за неопходноста од утврдување на фискални правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП