Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како…
Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест.
Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете.
Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести.
Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали:
– 140 проценти од препорачаната дневна количина на манган
– 75 проценти од препорачаната дневна количина на магнезиум
– 60 проценти од препорачаната дневна количина на бакар
– 50 проценти од препорачаната дневна количина на фосфор
– 130 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Е
– 51 процент од препорачаната дневна количина на витаминот Б2