1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗеленчук кој ќе ви помогне да го намалите целулитот

Зеленчук кој ќе ви помогне да го намалите целулитот

Во борбата против целулитот најважна е здравата исхрана со многу овошје, но и зеленчук. Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за да го зајакнат сврсното ткиво.

1. Сладок компир

sladok-kompir

Еден од најстарите зеленчуци кој го познава човекот воедно е и најхранливиот и најздравиот зеленчук кој е идеален во борбата против целулитот. Содржи калиум, витамини Ц и Е, како и бета каротен. Поради коренестиот протеин е одличен антиоксиданс. Општо, слаткиот компир е број еден зеленчук во подобрување на циркулацијата и елиминацијата на токсини – две најважни работи кога сакате да го отстраните целулитот.

2. Брокули

brokula

Овој зелен зеленчук е одличен борец против целулитот поради три причини: прво, брокулата содржи алфа липоична киселина која помага против стврднувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на прехрамбени влакна. И трето, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, одличен борец против целулитот.

3. Прокељ

prokelj54541

Прокељот е одличен против целулитот. Конзумирање на зелен лиснат зеленчук, во кој спаѓа и прокељот, е одличен сојузник во борбата против целулитот. Овој зеленчук, освен витамин Ц, содржи и материја која се вика индол-3-карбинол (I3C), која кога ќе се изеде, во организмот се претвара во ди-индолил метан (DIM). DIM помага ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на 16-OH естрогенот, штетни материи кои исто така се одговорни за губитокот на квалитетот на колагенот.

И, не заборавајте!

За време на готвењето на зеленчукот, внимавајте зеленчукот да го готвите или динстате на тивок оган, со што помалку вода или на пареа. Така ќе сочувате повеќе витамини во зеленчукот. И на крај, не заборавајте дека во бробата против целулитот, со правилна исхрана и доволно вода, секако помага и физичката активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП