Наместо со години да се бориме против кризи да се направи долгорочна стратегија за развој на економијата. На бизнис секторот му се смачи да бара решенија кои речиси и да не даваат резултати ниту на краток рок. Од државата бараат соработака за подготовка на план кој ќе ја застане на нозе македонската економија. Од владата пак се убедени дека добро ја менаџираат кризата и дека работат на подобрување на условите за водење бизнис. Од Централната банка се на став дека тие како институција даваат поддршка во надминувањето на неколкуте континуирани кризи, и дека банкарскиот сектор помага не само на граѓаните туки и на компаниите.
Стопанската комора е се погласна дека економијата на Македонија не оди во добар правец. Ова бизнис здружение покрена иницијатива за Декларација на таа тема која би ја потпишале сите општествени чинители: политичките партии, образовни институции, секако и компании од приватниот бизнис сектор. На бизнис секторот му е потребен амбиент за работа што нема постојано да се менува и затоа мораме да се договориме што ќе правиме и во рамки на државата да постигнеме консензус за долгорочните економски политики. Бизнисмените велат дека како држава мора конечно да се излезе од менталната матрица на постојано справување со некаква криза и да почнемесе започне да се размислуваме долгорочно.
„Треба да разбереме дека досегашниот бизнис модел на најголемиот дел од македонската економија се истроши. Тој генерално се потпираше на два столба на конкурентност: на користењето евтина работна сила и на користењето евтини енергенси. Тоа време заврши и мораме да се менуваме. Тоа значи драматично зголемување на квалитетот на образовниот систем во земјава. Максимално зголемување на енергетската ефикасност, на домашното производство на електрична енергија и на користењето на обновливи извори на енергија заради одржување на каква-таква ценовна конкурентност во однос на цената на електричната енергија. И секако, дигитализацијата и серија мерки во насока на зголемување на конкурентноста на економијата на сите нивоа, вклучително и на јавниот сектор и јавната администрација“, велат од Стопанската комора.
Од владата велат дека водат конзистентни и јасни политики за справување со кризата и даваат поддршка на растот на економијата. Не само во криза, туку и пред овој период владата во здрави и одржливи макроекономски политики, уверуваат од Илинденска број два. Новата реалност според властите е наметната од неколкуте последователни кризи и таа бара да се биде подготвен да се носат адекватни и ефикасни политики. Ставот на властите е дека водењето здрави макроекономски политики е во насока на поддршка за економскиот раст.
„Во вакво глобално опркужување се фокусираме да ги намалиме трошоците и да ги направиме поефикасни. Да дадеме јасни сигнали за политиките, кои значат дека сме цврсто определени да водиме макроекономски и фискални политики што ќе значат фискална консолидација, а истовремено мерките да бидат таргетирани. Така даваме јасна порака и кредибилитет на политиките кои оставаат простор да имамае соодветна побарувачка за нашите хартии од вредност кога ќе излеземе на меѓународниот пазар во оваа година. Се уште имаме мерки за спраување на кризата, од вкупниот буџетски дефицит кој е на ниво од 4,6 % или 700 милиони евра, 250 милиони евра се резервирани средства за антиркизни мерки, односно 1,6 % е наменет за антиркзини мерки. Во нормални услови без овие антиркизни мерки би имале дефицит од 3 %. Дополнително капиталните расходи се на ниво од 800 милиони евра. Со ваквата структура создаваме услови за поддршка на растот, каде што каптиалните расходи се на ниво од 5,2 % од БДП, кои пак во минатото се движеле меѓу 2 и 3 % “, велат од Владата.
Од Народната банка потенцираа дека изминативе три години банкарскиот систем покажа голема отпорност на кризи од невидени размери. Не само што ја задржа својата стабилност, туку истовремено обезбедува постојана финансиска поддршка за приватниот сектор, придонесувајќи за побрзо закрепнување на економијата. Централната банка тврди дека внимателните политики на банките придонесоа целиот банкарски систем оваа неколку годишна криза да ја помине со солидна кондиција, а тоа пред се се должи на силната регулативна и супервизорска рамка.
И.П