4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрвно меѓународно признание за домашниот ајвар на Дием-ГП

Врвно меѓународно признание за домашниот ајвар на Дием-ГП

securedownload

На јубилејниот 80-ти меѓународен Земјоделски саем во Нови Сад, печениот ајвар „Баш Ајвер“ на македонската компанија Дием-ГП ја освои најпрестижната награда Голем златен медал.

Во интернационална конкуренција „Баш Ајвер” го освои максималниот број бодови (20) според сите критериуми по кои беа оценувани производите: вкус, боја, мирис и општа состојба на производот и изглед.

Според генералниот директор на компанијата Ѓорги Атанасов, наградата покрај потврдата за највисоките стандарди на Дием-ГП во производството, е и можност за освојување нови пазари.

Саемот во Нови Сад е еден од петте водечки саеми во Европа и ги обединува на една локација најзначајните поединци, здруженија и компании од агробизнисот, од над 50 земји во светот. Дием-ГП во својот асортиман покрај ајвар има и голем број производи од преработено овошје и зеленчук, кои се присутни на пазарите на повеќе од 20 држави во светот.

ajvar

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП