29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДавос: Слаба економија и проблеми

Давос: Слаба економија и проблеми

dav1

Лошата состојба на светската економија, непрекинатите судири во Сирија и нестабилната ситуација по Арапската пролет, беа дискусиите кои доминираа во Давос.

На состанокот на глобалната елита, многу учесници не беа сигурни за она што иднината го носи.

Дури ни во поширока перцепција дека на економскиот фронт постојат некои позитивни знаци, откако директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека не треба да дојде до опуштање, бидејќи постои ризик од „повторување на кризата“, пренесува агенцијата АР.

„Повеќе од 2.500 светски деловни и политички лидери се собраа на петдневниот Светски економски форум во швајцарското зимско одмаралиште, но значителен дел од стандардниот луксуз и гламур оваа година беше отсутен во однос на сериозните проблеми со кои светот се соочува“, изјави основачот на форумот Клаус Шваб.

Политичките и економските теми секоја година се најзастапени во Давос, но овој пат доминираше економијата, со посебен акцент на промовирањето на економскиот раст и вработувањето, особено кај помладите, од кои во светот 220 милиони се без работа.

ММФ наведува дека Кина, Африка и другите пазари во развој можат да забележат значителен раст, но дека Јапонија, земјите од еврозоната и САД, најверојатно, ќе се борат со нискиот и негативниот економски раст.

Фондот пред почетокот на 43 форум во Давос ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година на 3,5 проценти.

Иако САД ја избегна т.н. „фискална карпа“, а стравувањата околу распаѓањето на еврозоната се намалија, и понатака владее загриженост дека владите може да ги ублажат мерките за штедење за да стимулираат економски раст и да ги намалат долговите.

Лагард предупреди дека „многу слабото и нестабилно закрепнување“ зависи од тоа дали лидерите на еврозоната, САД и Јапонија ќе ги донесат „вистинските одлуки“. Еврозоната е особено осетлива, бидејќи таа е изложена на политички кризи и бавен процес на донесување одлуки, истакна таа.

Генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Анхел Гурија, изјави дека фокусот на економската криза во светот, го одвлече вниманието на лидерите за многу други важни работи, вклучувајќи го образованието, влијанието на невработеноста во општеството и промовирање на борбата против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП