28 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа: EUR/USD

Техничка анализа: EUR/USD

eurusdmoney1-632x400

Оваа недела на валутниот пазар следува смирување на цената на EUR/USD и блага корекција во надолен тренд како што може да забележите на графичкиот приказ.

Минатата недела забележавме еден силен моментум со пробив на цената на EUR/USD над големиот отпор 1,3500 достигнувајки цена од 1,3570 која и е рекордно висока цена од месец јануари оваа година, така да генералниот тренд е сеуште нагорен а моменталната корекција која и беше очекувана до некаде е предизвикана од објавата на федералните резерви на САД за задржување на стимулативната програма во иста мера се додека економското опоравување е оддржливо.

Со корекцијата добиваме нови технички поддршки и отпори и при графичкиот приказ може да забележите дека цената на EUR/USD на временски период на свеќи од 1 час моментално се движи во благ надолен канал но сеуште опстанува во голем нагорен канал на поголеми временски периоди.

Доколку цената генерално остане во нагорент тренд најверојатно денес ќе проследиме еден нов скок и над 1,3500 ќе следи отворен пат повторно до највисоката точка од претходната недела на цена 1,3570.

Доколку корекцијата продолжи и цената на EUR/USD сеуште паѓа најверојатно ќе го пополни целиот гап и ќе се спушти до 1,3379.

eurusd_25_09

Ваш најдобар брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП