Понекогаш се будиме среде ноќ бидејќи на нашиот мозок му треба гликоген и тој ги поттикнува надбубрежните жлезди да ги исфрлат адреналинот и кортизолот од телото.
За среќа, медот содржи гликоген, па една лажичка мед пред спиење ќе помогне да се обезбеди добар сон.
Високиот крвен притисок е еден од факторите кои придонесуваат за развој на срцеви заболувања. Медот содржи антиоксиданс за кој е докажано дека го намалува крвниот притисок, па затоа една лажица мед пред спиење е едноставен начин да го држите крвниот притисок под контрола.
Триглицеридите се вид на маснотии присутни во крвта. Високото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања. Медот се поврзува со намалувањето на триглицеридите во организмот – ги претвора во сојузници кои ја чистат крвта од непотребните масти.
Медот има антибактериско дејство кое го зајакнува имунитетот, правејќи ве посилни во борбата против инфекциите предизвикани од бактерии, габи и бројни вируси.
Го забрзува метаболизмот создавајќи термоген ефект. Ова значи дека ја подобрува циркулацијата што ја зголемува температурата на вашето тело, помагајќи ви да согорувате маснотии без напор.