8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е најдобриот антиоксиданс

Ова е најдобриот антиоксиданс

Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободните радикали…

Тие се особено важни за нашиот имунитет и сосема е јасно дека би требало да ги внесуваме во поголема количина. Колку имамe посилен имунитет, толку сме поотпорни на настинки, вируси, бактерии но и на тешки заболувања како што е ракот.

Истражувањата покажаа дека во кафето се наоѓа значителен број на антиоксиданси. Сепак, лоши вести се што научниците и понатака не можат да ги изолираат антиоксидансите на најдобар начин. Познато е дека кафето е диуретик и дека ја ослободува водата од телото.

Кафето, исто така, се наоѓа на листата намирници кои се борат против ракот поради високата содржина на антиоксиданси. Различни студии го поврзаа кафето со намалениот ризик од добивање на рак на црниот дроб, рак на дојка, простата, меланом…

61481_shutterstock-73513816_630x0

Исто така истражувањата на Универзитетот во Јута, покажаа дека консумирањето на кафе го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, канцер на вратот и главата и го намалува ризикот од појава на дијабетес.

Сепак, немојте да заборавите дека со секоја шолја кафе треба да пиете и доволно количество на вода, со цел да не дехидрирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП