29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГаздата на Ал-Наср: Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој само...

Газдата на Ал-Наср: Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој само знае да каже „Сиууу“!

Кристијано Роналдо не ја започна најдобро својата епизода во Саудиска Арабија. Неговиот Ал-Наср загуби во натпреварот од Суперкупот против Ал-Итихад со резултат 3:1 и со тоа ја прекина долгата победничка серија, а португалската суперѕвезда беше цел на критики за својоте настап.

Тренерот Руди Гарсија го издвои по натпреварот, споменувајќи ја шансата што Роналдо ја пропушти во првото полувреме, што според него ќе го сменеше текот на играта доколку ја претвореше во гол.

Сепак, полошо е што сопственикот на клубот е разочаран од Роналдо. Богатиот Саудиец се жали, имитирајќи го славењето на заштитен знак на Роналдо.

„Потрошив 200 милиони на Роналдо, а тој знае само да каже „сиуу“!, изјави првиот човек на клубот нервозен по поразот од Ал-Итихад.

Роналдо потпиша за Ал-Наср откако беше отппуштен од Манчестер Јунајтед за време на Светското првенство во Катар поради ставовите искажани во интервју за британскиот новинар Пирс Морган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП