30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧУДО ОД БИЛКА! Нема ништо подобро за вашето здравје, проблемите исчезнуваат за...

ЧУДО ОД БИЛКА! Нема ништо подобро за вашето здравје, проблемите исчезнуваат за миг

Алоето е растение кое е познато по многубројните ефекти. Има моќ на хидратација, ја штити кожата и позитивно влијае на воспалителните процеси на цревата.

Што е гел од алое?

Низ историјата, алое вера се користела локално и орално. Се добива со отворање на зелените месести листови на растението, а често се користи за лекување на изгореници, гребаници, псоријаза и други проблеми со кожата. Се користел како компонента во многу лаксативи без рецепт до 2002 година, кога Американската управа за храна и лекови ги извадила од полиците на аптеките поради недоволни информации за нивната безбедност.

Можеби дел од она што го прочитавте ви беше познато порано, но треба да направите разлика помеѓу двете варијанти што се во употреба. Џенет Брил, нутриционист и консултант, открива дека и двете се базираат на гел од централниот дел на растението. Понатамошниот процес одредува каков вид на производ ќе се најде на полиците на продавниците. Сокот се добива со додавање на исцеден цитрус, како портокали или некое друго овошје.

Придобивки:

  1. Хидратација

Водата од алое, или гел, се прави главно од вода. Затоа, има моќ на хидратација, заедно со многу калиум и витамин Ц. Но, тоа не значи дека не треба да бидете внимателни. Многу производители кои продаваат производи што содржат алое додаваат шеќери, што често ја зголемува калориската вредност на 130 по кафена лажичка, а понекогаш и повеќе, предупреди Џенет Брил.

  1. Подобар тен

Доколку размислувате во насока на разубавување, може да ви биде корисна и алое верата. Научниците сè уште го испитуваат вистинското влијание на ова растение, но ако се земат предвид нутритивните вредности: покрај калиумот и витаминот Ц, ќе најдеме и многу антиоксиданси, кои помагаат во заштитата на кожата од пенетрација на слободните радикали, како и фолна киселина, која влијае на имунитетот. Сепак, треба да бидете упорни, бидејќи резултатите на лицето не се гледаат откако ќе испиете едно пакување сок од алое вера.

  1. Воспаление

Истражувањето од 2004 година покажа дека водата помешана со гел од алое има корисен ефект врз воспалението на цревата. Имено, испитаниците го пиеле овој пијалок наместо вода два пати дневно во текот на четири недели. Овде е важно да се каже дека не се забележани контраиндикации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП