17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАмерика не е подготвена за војна: По една недела ќе останат без...

Америка не е подготвена за војна: По една недела ќе останат без проектили

САД толку ги исцрпија своите воени резерви што „не се соодветно подготвени“ за долготрајна војна со Кина, објави вчера водечкиот американски истражувачки центар за воено-индустрискиот комплекс.

Симулацијата на воени игри на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), наводно, открила дека САД најверојатно ќе ги исцрпат своите резерви на проектили со долг дострел, прецизно наведувани за помалку од една недела од „продолжената конвенционална војна“ против Кина во тајванскиот теснец.

Студијата тврди дека инсистирањето на администрацијата на Бајден да испрати повеќе од 8.500 ракетни системи Javelin и најмалку 1.600 ракетни системи Стингер во Украина, значи дека инвентарот на американската војска сега е при крај.

„Заклучокот е дека одбранбената индустриска база, според мене, не е подготвена за безбедносното опкружување што постои сега“, рече потпретседателот на CSIS, Сет Џонс, во интервју за Wall Street Journal.

„Како ефикасно да ја одвратите Кина ако немате доволно залихи на муниција што ќе ви треба во сценарио за конфликт на кинеско-тајванскиот теснец?“, праша Џонс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП