23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го згази Де Минор во осминафиналето на АО

Ѓоковиќ го згази Де Минор во осминафиналето на АО

Новак Ѓоковиќ го продолжи походот кон десеттата титула на Австралија опен. Српскиот тенисер во осминафиналето го декласира домашниот тенисер Алекс Де Минор за нешто повеќе од два часа игра. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Андреј Рубљов кој претходно во драматичен меч, во пет сета, го победи Холгер Руне.

Новак Ѓоковиќ, во осминафиналето го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот. На Де Минор му препушти само пет гема. На крајот победи со 6:2, 6:1, 6:2.

Де Минор на деветкратниот шампион му парираше само во првите четири гема, а потоа Ѓоковиќ влезе во посакуваниот ритам и буквално го згази противникот.

Австралиецот немаше ниту една брејк топка, имаше само девет директни поени и 28 неизнудени грешки. На спротивната страна Ѓоковиќ мечот го заврши со 26 винери и 27 неизнудени грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП