19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЖивотот може да ви биде спасен и продолжен со конзумација на оваа...

Животот може да ви биде спасен и продолжен со конзумација на оваа намирница

Само неколку кикирики дневно можат да го намалат ризикот од сериозни болести. Истражувачите успеаа да ја потврдат врската меѓу кикириките и здравиот живот.

Тие велат дека со само 10 грама дневно можете да го намалите ризикот од болести на респираторните патишта, дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.

Ефектот на кикириките е еднаков и за жените и за мажите.

Научниците од Харвард 22 години следеле 6.000 лица со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар или шлог. Тие морале да бидат на специјална диета и четири години пополнувале формулари за своето здравје.

Кога научниците ги виделе резултатите откриле дека оние кои јаделе кикирики биле заштитени од срцев удар и шлог. Вистинско изненадување е дека ризикот бил намален за 44 проценти.

Кикириките содржат многу состојки, како што се здрави масти, витамини, влакна, антиоксиданти кои го подобруваат одбрамбениот систем на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП