28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот работат 168 милиони деца

Во светот работат 168 милиони деца

Indian children working parents at a construction site near the Jawaharlal Nehru Stadium, Delhi

Бројот на децата во светот кои работат е намален за една третина од 2000-та година од 246 милиони на 168 милиони, покажува извештајот на Меѓународната организација на трудот ( МОТ ).

„Ние се движиме во вистинската насока, но напредокот се уште е премногу бавен. Ако навистина сакаме да ја прекинеме оваа катастрофа со работата на децата во блиска иднина, треба да ги удвоиме напорите на сите нивоа. Постојат 168 милиони добри причини за тоа“, коментира генералниот директор на МОТ, Гај Рајдер.

Светската конференција за вработените деца ќе се одржи во Бразил следниот месец. Најголемиот напредок е постигнат меѓу 2008-та и 2012-та година, кога бројот на вработени деца е намален од 215 на 168 милиони.

Речиси половина од овие деца вршат опасна активност која го загрозува здравјето, безбедноста и нивниот развој, истакнуваат авторите на извештајот. Во моментов, бројот на овие деца е 85 милиони спрема 171 милиони во 2000-та година. Најголем број деца работат во азиско-пацифичкиот регион (околу 78 милиони), но супсахарска Африка (околу 59 милиони) е регион каде процентот на вработените деца спрема целото население е највисок, над 21 процент. 9,2 милиони деца работат во Блискиот Исток и Северна Африка. Во Латинска Америка и на Карибите оваа бројка изнесува 12 милиони.

Податоците на МОТ покажуваат дека бројот на вработените деца се намалил за 40 проценти кај девојчињата и 25 проценти кај момчињата. Земјоделство користи најмногу деца (98 милиони или 59 проценти), следат услугите со 54 милиони и индустријата со 12 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП