16 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТиква – сочна ризница на витамини

Тиква – сочна ризница на витамини

Благодарение на бета-каротенот, оваа намирница претставува силен антиоксиданс и го штити окото од катаракта, велат нутриционистите.

Со изобилство од хранливи и лековити состојки тиквата е неодминлива намирница во есенското и зимското мени. Исклучително е богата со витаминот А, кој е важен за здравјето на очите, особено за мрежницата. Благодарение на бета-каротенот, оваа намирница претставува силен антиоксиданс и го штити окото од катаракта.

Тиквата содржи 90 проценти вода, поради што е идеална за сите кои сакаат да ослабат, а притоа не кратејќи му ги на организмoт витамините и минералите. Темножолтата врста содржи специфична киселина која делува против канцерогените клетки.

Семките се исто така многу хранливи. Содржат 20 проценти протеини со најдобар квалитет, многу целулоза која ја регулира работата на органите за варење и се добар извор на калиум, минерал кој е важен за метаболизмот, рамнотежата на течности во организмот, срцето, крвните садови и нервниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП