23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХоландија ни даде лекција по ракомет, останува да се бориме со Аргентина...

Холандија ни даде лекција по ракомет, останува да се бориме со Аргентина за втора рунда

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска, откако по очекуваниот пораз од Норвешка, денеска загубивме со високи 29:20 (18:11) од Холандија. Со ова остануваме на последното место во групата Ф и ќе мораме да ја победиме Аргентина во последниот меч од групната фаза за да одиме во втората фаза.

Со Атанасијевиќ и Савревски на местото на Петрови Јагуриновски, Македонија имаше добар старт за рано водство, но потоа Холанѓаните бргу направија серија и дојдоа до 7:3 водство. Оваа разлика растеше и на полувреме изнесуваше високи седум гола. Почетокот на второто полувреме ни даде надеж дека е можен некаков пресврт или барем доближување до Холанѓаните, но како што течеше мечот, беше јасно дека Холанѓаните во моментов се класа пред нас.

Каи Смитс ни даде неверојатни 10 гола, додека во нашата репрезентација Кузмановски и Пешевски се покажааа со четири постигнати голови.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА Ф
Македонија – Холандија 24:34 (11:18)
Норвешка – Аргентина 20.30 ч.

ГРУПА Е
Германија – Србија 34:33 (19:17)
Катар – Алжир 20.30 ч.
ГРУПА Г
Египет – Мароко 30:19 (13:9)
Хрватска – САД 20.30 ч.
ГРУПА Х
Белгија – Тунис 31:29  (17:16)
Данска – Бахреин 20.30 ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП