2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги претстави своите дигитални приоритети до 2030-та

ЕК ги претстави своите дигитални приоритети до 2030-та

Европската комисија (ЕК) ги детализираше своите планови и цели за зајакнување на дигиталниот екосистем, најавувајќи дека нејзините следни чекори ќе се фокусираат на европската економија и јавните услуги, технолошките вештини и мрежната инфраструктура.

Во изјавата цитирана од „Mobile World Live“, ЕК објасни дека агендата за политики за дигитална деценија ќе ги води земјите-членки во остварувањето на нивните амбиции за 2030-та година.

ЕК истакнува четири клучни области – подобрување на дигиталните вештини на граѓаните; имплементирање на новите технологии, вклучувајќи облак и вештачка интелигенција за претпријатијата; подобрување на мрежната и податочната инфраструктура; и дигитализација на јавните услуги и административните процеси.

„Овие области ги отелотворуваат целите на политичката агенда“, велат од ЕК, наведувајќи го безбедното и конкурентно дигитално опкружување, правичните онлајн деловни практики и пристапот до технологијата како централни за амбициите на континентот.

За да го овозможи ова, ЕК ќе развие клучни индикатори за успешност за да го следи напредокот во наредните месеци.

Комисијата вели дека се очекува земјите-членки на ЕУ да поднесат „национален стратешки патоказ“ во октомври 2023-та година, во кој детално ќе бидат опишани политиките и активностите за поддршка на дигиталните цели.

ЕК, исто така, ја истакна важноста на „мултинационалните проекти“ за да се забрзаат инвестициите во дигиталната инфраструктура што опфаќа технологии, вклучително и 5G и квантно пресметување.

Се очекува ЕК да го објави својот прв извештај за дигиталната декада во јуни.

Програмата, исто така, наведува седум приоритетни области за дејствување – создавање на единствен дигитален пазар, поголема интероперабилност, зголемување на довербата и безбедноста на интернет, многу побрз пристап, повеќе инвестиции во истражување и развој, зголемување на вештините за дигитална писменост и вклучување, како и примена на информатичките и комуникациските технологии за справување со општествените предизвици како што се климатските промени и стареењето на населението.

Примери за придобивките што ќе ги донесе развојот во овие области се полесните електронски плаќања и фактурирање, брзото спроведување на телемедицината и енергетско ефикасно осветлување. Во овие седум области, дигиталната агенда предвидува околу 100 последователни активности, од кои 31 ќе бидат законодавни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП