26 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКоја храна помага во регулирање на високиот крвен притисок, а која треба...

Која храна помага во регулирање на високиот крвен притисок, а која треба да се избегнува по секоја цена?

Доколку имате проблеми со хипертензија, лекарите советуваат да направите промени во исхраната, а за почеток да ја намалите количината на бел леб, тестенини и ориз.

Високиот крвен притисок е една од најчестите болести во светот. Хипертензијата дополнително ги оптоварува органите и може да доведе до срцев удар, мозочен удар, бубрежни заболувања…

Еден начин да се држи под контрола оваа опасна состојба е преку диета. Познато е дека мрсната, висококалорична храна го зголемува крвниот притисок, а една од главните причини за хипертензија е внесувањето на големи количини сол. Лекарите и нутриционистите истакнуваат дека здравата, добро балансирана исхрана може да помогне во нормализирање на високиот крвен притисок.

И како што има намирници кои го зголемуваат, има и такви кои помагаат да се регулира притисокот. Британските кардиолози ги советуваат сите кои страдаат од хипертензија да јадат масна риба и зеленчук два пати неделно.

Нивната препорака за хипертензивните пациенти е да се префрлат на мени богато со овошје, јаткасти плодови, зеленчук и масна риба. Тие исто така советуваа да се намали внесувањето на тестенини од бело брашно, „обичен“ ориз и бел леб.

Хранлива состојка која е многу важна при проблеми со хипертензијата е калиумот. Истражувањата покажуваат дека зголеменото количество на овој минерал во исхраната може да го намали ризикот од висок крвен притисок, но и да ја подобри состојбата на оние кои страдаат од хипертензија.

Калиумот помага да се отстрани вишокот сол од телото, а со тоа го регулира крвниот притисок. Го има во доматите, лососот, слаткиот компир, белиот грав и бананите. Овие намирници исто така треба да бидат вклучени во вашата исхрана доколку страдате од хипертензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП