29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостигот на лекови во Италија е поголем отколку за време на пандемијата

Недостигот на лекови во Италија е поголем отколку за време на пандемијата

Оваа година грипот ја зафати Италија речиси истовремено со Ковид-19, а магацините во аптеките се празни. Бруфен, парацетамол и слични лекови често не можат да се најдат во аптеките, што е случај со месеци со сирупот Бруфен за деца. Италија не видела таков недостиг на лекови дури и за време на пандемијата.

Италијанската агенција за лекови „Аифа“ ја објави информацијата дека недостасуваат речиси 3.000 лекови или дека нивните резерви се речиси исцрпени, а главно се работи за лекови кои се користат за лекување на грип.

Има антимуколитици, како и некои антибиотици како „азитромицин“, за кој погрешно се веруваше дека лекува ковид, но апелите на лекарите да не се создаваат залихи на тој антибиотик не вродија со плод.

Недостиг на антибиотик „цефиксорал“ покажува и националното здружение на фармацевти „Федерфарма“, како и тоа дека е прекинато производството на антибиотикот „зимокс“, но за нив има алтернативи кои задолжително треба да ги препише лекар.

„Аифа“ објави и дека недостигаат лекови кои не се користат за лекување на грип, туку за епилепсија и притисок, некои диуретици и онколошки лекови.

Но и во овој случај италијанскиот систем некако успева да опстане благодарение на алтернативите.

Од 3.000 лекови на списокот на агенцијата за лекови, 554 недостасуваат поради проблеми со производството и дистрибуцијата, поради преголемата побарувачка и намалените залихи.

„Недостигот на лекови е нешто што се случува одвреме-навреме, но во овој момент, иако е незначителен, можеме да кажеме дека има недостаток на лекови повеќе отколку за време на пандемијата“, рече Роберто Тобија, национален секретар на „Федерфарма“.

Причини за недостиг на лекови

Има многу причини. Еден од најважните е што Италијанците годинава ги зафати исклучително силен вирус на грип, најсилен во последните 10-15 години.

Покрај тоа, коронавирусот сè уште циркулира, како и респираторниот синцицијален вирус, кој бара употреба на лекови кои вообичаено се користат за грип во зима.

Роберто Тобија додава дека луѓето се плашат дека нема да ги најдат овие лекови во аптеките, па купуваат залихи иако навистина не им се потребни, а тука е и фактот дека Италија зависи од земји како Индија и Кина кога станува збор за производството на некои активни состојки, а тие земји го забавија производството во овој момент.

Тој додава дека поради руско-украинскиот конфликт недостигаат некои суровини освен активни состојки. Ни недостига материјал за пакување лекови, алуминиум и блистери во кои се сместени лекови, картон и слично.

Италијанците претпочитаат брендирани лекови

Многу аптеки станаа активни во смисла дека самите произведуваат лекови кои се замена за оние кои моментално ги нема на пазарот, а имаат иста ефикасност како и индустриските.

Во Италија, многу граѓани претпочитаат познати „марки“ на лекови пред т.н генерички т.е. лекови со иста активна состојка само под различно име, па фармацевтите се обврзани да им понудат на пациентите други лекови доколку тој лек не е достапен.

Италијанците не им веруваат на генеричките лекови, т.е. оние кои не ги познаваат со конкретно име, така што оваа земја има најмал процент на луѓе кои користат генерички лекови, кои не се ништо повеќе од исти лекови под различно име.

Секоја година Италијанците трошат околу милијарда и пол евра на „брендирани“ лекови поради недоверба кон генеричките лекови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП