Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека Вашингтон не разговара за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја и покрај заканата од Северна Кореја.
Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол претходно во интервју за весникот „Чосун Илбо“ изјави дека Сеул и Вашингтон се ангажирани во разговори за спроведување на заеднички вежби со користење на нуклеарно оружје за ефективно одвраќање и дека Вашингтон е доста позитивен во однос на идејата.

