25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв случај на инфекција „амеба која го јаде мозокот“

Прв случај на инфекција „амеба која го јаде мозокот“

Јужнокорејските власти го потврдија првиот случај на инфекција со амебата „naegleria fowleri“ – позната и како „амеба што го јаде мозокот“.

Оваа амеба живее во почва и топла вода и продира во човечкиот мозок преку носот, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести.

Инфекцијата е потврдена кај починат пациент со церебрален менингитис, кој неодамна се вратил од странство – објави на „Твитер“ Корејската агенција за контрола и превенција на болести.

Пациентот бил во Тајланд четири месеци пред да се врати во Јужна Кореја, каде што починал откако доживеал главоболка, треска, повраќање, нејасен говор и други симптоми.

Главниот пат на инфекција со оваа амеба е, во повеќето случаи, човечки контакт со загадена вода.

Оваа опасна амеба може да предизвика ретка мозочна инфекција наречена „примарен амебен менингоенцефалитис“ и обично е фатална, објави Спутник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП