28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали ве мачи непријатен здив? Девет начини да го решите овој проблем...

Дали ве мачи непријатен здив? Девет начини да го решите овој проблем засекогаш

Заедно со оралната хигиена најважен е начинот на исхрана.

Најчести причини за лош здив, кои немаат никаква врска со она што сте го консумирале, се пред се: лошата орална хигиена и гастроентеролошките проблеми.

Во тоа може да се помогне со почесто четкање и забен конец, како и посветување поголемо внимание на здравата исхрана.

  1. Свежи билки

Луѓето уште од античко време забележале дека здивот им е посвеж после јадење зелен лиснат зеленчук. Ова е благодарение на хлорофилот, кој им дава зелената боја на листовите. Освен што ги уништува микробите во устата и на тој начин помага во борбата против непријатните мириси во усната шуплина, хлорофилот ги отстранува и токсините од дигестивниот систем. Затоа експертите препорачуваат оние кои страдаат од лош здив да јадат зелен лиснат зеленчук или да пијат свежо цедени сокови од зеленчук.

Магдоносот е еден од најпознатите борци против лошиот здив, но и другите билки можат да бидат исто толку ефикасни. Коријандер, нане, рузмарин и други билки богати со хлорофил помагаат да се спречи лошиот здив. Можете да ги џвакате билките или да направите чај од нив.

  1. Јогурт

Докажано е дека дневната доза на јогурт го намалува нивото на водород сулфид во устата, што предизвикува лош здив, но и ги отстранува нездравите бактерии, бидејќи една студија докажала намалување на расипувањето на забите и болестите на непцата кај луѓето кои редовно го консумираат.

  1. Јаболка, целер и друга крцкава храна

Јаболката, морковите, целерот и слична храна помагаат да се зголеми производството на течност која ја одржува усната шуплина исплакната и чиста.

  1. Ѓумбир

Иако долго време се користи како лек за смирување на стомачните проблеми, тој благотворно делува и на лошиот здив. За миење на устата, исечете свеж ѓумбир и измешајте го со лимон и топла вода. Ѓумбирот џвакајте го сиров, а ако ви е многу лут, можете да го јадете со парче јаболко.

  1. Пиперка, папаја и друго овошје богато со витамин Ц

Бактериите одговорни за создавање лош здив немаат добра врска со витаминот Ц, кој е важен во исхраната за спречување на болести на непцата и гингивитис. Иако многу луѓе земаат витамин Ц во вид на додаток во исхраната, бидете внимателни бидејќи тој може да предизвика и гастроентеролошки проблеми, што пак може да го влоши лошиот здив.

  1. Зелен чај

Додека киселините и ензимите во кафето можат да направат вашиот здив да мириса на мешавина од валкани чорапи и полски тоалет, зелениот чај го спречува лошиот здив благодарение на флавоноидите кои се наоѓаат во него.

  1. Семе од анасон

Во многу култури оваа храна се смета за природен лек за варење, но подеднакво добро делува и на спречување на лошиот здив, бидејќи како крцкавата храна, влијае на зголеменото производство на слуз во устата, додека маслото од анасон има антибактериско дејство кое исто така може да ги „отстрани“ микробите што создаваат лош здив.

Семето од анасон (Foeniculum vulgare) содржи антиинфламаторни и антиоксидантни состојки кои го ублажуваат лошиот здив преку подобрување на варењето и уништување на токсините во нашиот дигестивен тракт.

Исто така, тие го потиснуваат лошиот здив така што го спречуваат растот на габите во устата. По оброкот џвакајте една лажица семки од анасон, но не заборавајте да ги исплукате на крајот. Можете исто така да направите чај од анасон или да го додадете во вашите оброци.

  1. Вода

Уште една причина да ја пиете вашата дневна доза вода. Водата делува како средство за чистење и го стимулира производството на плунка.

  1. Сè што содржи мента

Кога сè друго не ви успева, маскирајте го лошиот здив со бонбони или гуми за џвакање кои содржат пеперминт. Гумата за џвакање без шеќер може да го зголеми производството на плунка која може нежно да ги измие бактериите, па затоа одберете ги.

Не случајно повеќето пасти за заби содржат мента. Состојките на ова растение даваат чувство на свежина и чистота во устата, но и многу повеќе од тоа.

Нејзините активни состојки ги уништуваат бактериите и габите во устата. Затоа, после секој оброк џвакајте неколку листови свежо нане и на крајот голтајте ги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП