24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако отворањето на Кина по заклучувањата ќе влијае на глобалните пазари?

Како отворањето на Кина по заклучувањата ќе влијае на глобалните пазари?

Пазарите секогаш копнеат за добра тема, а олеснувањето на кинеската политика за нулта Ковид, со изгледите за одржливо закрепнување на растот, веќе има одлични шанси да биде најсилниот наратив за новата година што претстои, пишува деловниот уредник на „Financial Times“ во Азија, Лио Луис.

Новите, опсежни олеснувања наведени од Државниот совет на Кина во средата, кои вклучуваат опција за домашен карантин и отстранување на барањата за тестирање на јавни места, ја додадоа сликата за нација на работ на две длабоки промени – едната психолошка, другата практичната. Пазарите во САД и Европа (имаат предвид трговците со стоки) можеби потцениле колку овие промени би можеле да бидат значајни за цените и инфлацијата.

Индексот „MSCI China“, кој порасна за речиси 19 проценти во однос на доларот во текот на изминатиот месец, почна силно да тежи на можноста Кина да се отвори по заклучувањата од средината на ноември. Во она што нејзините аналитичари го опишаа како „голема работа“, „Morgan Stanley“ оваа недела го зголеми рејтингот на Кина за прв пат во две години.

Сè уште постои голема неизвесност околу повторното отворање, па дури и оптимистите сугерираат дека сè што наликува на нормалност нема да се случи до следната пролет. Но, широкото нахакан сентимент, и покрај сиот потенцијал за нарушување, дојде брзо заедно со колебливото верување дека моментумот е веќе воспоставен.

Некои стратези, кои го препознаваат ризикот дека олеснувањето ќе биде нерамномерно и преполно со неуспеси, предлагаат купување на дното. Големото прашање е колку од процесот на ревалоризација се филтрира на глобалните пазари и колку приказната за отворање ќе одекне низ нив додека се развива.

Во белешката објавена кон крајот на минатата недела, стратегот на Голдман Сакс се обиде да одговори на овие прашања, истакнувајќи дека централната економска прогноза на банката е дека кинескиот раст би можел да остане многу слаб во следните шест месеци пред да се забрза подоцна во 2023-та година.

Пристапот на „Goldman“ се заснова на индекс произведен од самата банка, кој следи како пазарите како целина го пресметуваат идниот раст на Кина. Од почетокот на 2022-ра година, овој индекс доживеа три кратки фази на раст, но севкупно забележа силен пад. Тој пад е поврзан, вели Вилсон, со постојан пад на очекувањата за кинескиот раст во следните една до две години на главните пазари на средства.

Дното на 31-ви октомври беше земено како основа. Според индексот на „Goldman“, пазарните очекувања за растот на Кина почнаа силно да закрепнуваат во ноември и продолжуваат да растат сега. Со оглед на вестите од средата, може да се зголеми уште повеќе во наредните денови.

Заклучокот на Вилсон за степенот на оддалечувањето на пазарот од досегашните очекувања за раст е дека: „Обновениот оптимизам околу ноемвриското отворање сугерира дека околу 40 проценти од таа промена веќе се случила“.

Оваа бројка и други слични показатели што може да ги пресметаат ривалските банки до крајот на годината изгледаат многу значајни, но треба да се третираат со претпазливост. Потенцијалот нагоре кај многу различни класи на средства зависни од растот на Кина кој варира во голема мера. Можеби не е изненадувачки, гледиштето на „Goldman Sachs“ е дека кинеските акции и оние на полуразвиените пазари се меѓу корисниците со најголем нагорен потенцијал. Цените на бакарот и нафтата се во иста категорија. Австралискиот долар, исто така, може да биде силно погоден.

Но, другите пазари би можеле да доживеат помалку посакувани ефекти: забрзувањето на кинескиот раст, теоретски, би можело да доведе до зголемено влијание врз цените на суровините со негативни ефекти. Европските пазари, и покрај сите шокови од високите цени на енергијата, донекаде имаат корист од фактот што слабата кинеска побарувачка за гас овозможи пренасочување на понудата. Брзиот кинески раст би можел да ги обнови ограничувањата во понудата и да ги зголеми инфлаторните притисоци. Доколку инфлациските притисоци станат доволно широки, тековните пазарни претпоставки за пауза во циклусот на зголемување на стапката во САД може да се ревидираат.

Можеби најимпресивната карактеристика на пазарното влијание на отворањето на Кина, сепак, може да биде брзината со која тоа се случува. Учесниците на пазарот досега беа сведоци на широк спектар на процеси на повторно отворање по пандемијата низ целиот свет, од земји кои ги укинаа екстремно строгите заклучувања до оние кои воведоа само меки ограничувања. Како резултат на тоа, пазарите може да одлучат дека не треба да го чувствуваат патот кон отворањето на Кина толку претпазливо како што тоа го прават на друго место, и едноставно ќе ги разгледаат прогнозите за раст што се наѕираат кон крајот на следната година и ќе одлучат дека цената на одложувањето е превисока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП