1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМоже ли Google да ја „реши“ смртта?

Може ли Google да ја „реши“ смртта?

google131

Google ја основа компанијата „Calico“ чија главна цел ќе биде – да пронајде решение за продолжување на човечкиот живот.

Американскиот магазин „Time“ на својата насловна страница веќе ја објави оваа вест со наслов „Може ли Google да ja „реши“ смртта“. Во интервјуто за „Time“ шефот на „Google“ Лари Пејџ ги потврди вестите за основање на таква компанија и додаде дека тој е свесен дека нејзиното основање се разликува од се што неговата корпорација досега работела.

– Но, ние на нашите акционери ќе им објасниме дека во технологијата постои голем потенцијал за поправување на човечкиот живот. Затоа не треба да се чудат за ваквата инвестиција која на прв поглед изненади многумина, додаде Пејџ.

За шеф на компанијата е назначен Артур Левинсон, научник кој претходно беше ангажиран во биотехнолошкиот проект „Genentech“. Пејџ сеуште не сакаше да потенцира со што точно ќе се занимава оваа компанија, тој само напомена дека таа ќе биде насочена кон начините кои ќе помогнат да се реши стареењето и да се подобри човечкото здравје, со цел животот на луѓето да биде многу подолг.

– Не велам дека сите пари треба да ги потрошиме на вакви работи, но како и другите компании мораме да имаме свој фонд за истражување и развој, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП