19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот плати 560 милијарди долари за енергетска ефикасност во 2022-ра

Светот плати 560 милијарди долари за енергетска ефикасност во 2022-ра

Енергетската криза ги охрабрува мерките за заштеда на енергија, а потрошувачката за енергетска ефикасност скокна за 16 отсто во 2022-ра година во споредба со 2021-ва година, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ).

Според податоците на агенцијата, трошоците за реновирање на згради, јавен превоз и инфраструктура за електрични возила оваа година ќе достигнат 560 милијарди долари.

Прелиминарните проценки покажуваат дека потрошувачката на енергија во 2022-ра година е за 2% поефикасна отколку во 2021-ва година. Ова е двојно повеќе од резултатот за последните пет години, посочуваат од МАЕ, а доколку состојбата опстојува и во наредните години, 2022-ра година може да биде пресвртница за енергетската ефикасност.

Прогнозите се дека потрошувачката на енергија оваа година ќе забележи пад од околу 1%. Меѓутоа, во 2021-ва година, потрошувачката на енергија нагло се зголеми за 5% откако беа укинати мерките поврзани со пандемијата на коронавирус. Овој раст беше најостриот во последните 50 години, потсетува и МАЕ.

Енергетската ефикасност е клучна во политиката за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Но, во последните месеци, рекордните цени на енергијата ги направија мерките за заштеда на енергија многу популарни. Сметките за енергија на домаќинствата во ЕУ се зголемуваат за 39% помеѓу октомври 2021-ва и октомври 2022-ра година, а околу 25% од домаќинствата живеат во енергетска сиромаштија.

Реално, сиромашните се и најсериозно погодени од енергетската криза, бидејќи често живеат во стари, нереновирани згради, користат стари електрични апарати со голема потрошувачка на енергија и возат стари автомобили. Ова не значи само дека треба да платат повеќе, скапата енергија значително го намалува квалитетот на нивниот живот, бидејќи тие не можат да ги загреат или ладат и соодветно да ги осветлуваат домовите. Покрај тоа, употребата на евтина биомаса, на пример, дрво или масло за греење и готвење го влошува квалитетот на воздухот во домовите, што ги прави условите за живот нездрави.

Благодарение на мерките за енергетска ефикасност спроведени од 2000-та година, земјите-членки на МАЕ (вкупно 31 земја, вклучително и 20 членки на ЕУ) заштедија 680 милијарди долари на сметките за енергија.

Според анализата, 75 милиони луѓе во светот во развој кои имаат пристап до електрична енергија нема да можат да платат за тоа, а 100 милиони најверојатно ќе се вратат на традиционалното готвење на огништата, бидејќи претходно користеле гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП