20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисот ја притиска власта за ново одложување на даночната реформа!

Бизнисот ја притиска власта за ново одложување на даночната реформа!

Како се наближува Нова година за кога е закажан стартот на даночната реформа така бизнисмените со здружени сили се за ново пролонгирање на даночната реформа. Бизнисот смета дека повторно не е погоден момент за воведување на нови и зголемени даноци, колку тоа да е по теркот на прогресивното одданочување. Власта вели дека со даночната реформа ќе се воведе поправично оданочување. Но предизборното ветување за воведување на прогресивен данок на Илинденска број два се уште е под знак прашалник.

Од Стопанската комора алармираат дека власта ќе погреши и ќе нанесе сериозен удар врз стопанството ако не се откаже на определено време од даночната реформа. Нивниот став е дека во ек на економска криза не се менува даночна реформа. Од ова бизнис здружение напоменаа дека се уште постои голема неизвесност и наместо дополнителни трошоци по се изгледа дека ќе бидат потребни нови мерки за одржување на бизнисите. Имајќи предвид дека кризата сè уште трае и постојано ги менува формата и содржината, поставувајќи нови неизвесности и предизвици, од комората додаваат дека и во моментов има потреба и простор за нови мерки и за поддршка на бизнисот. Но додаваат дека централен проблем досега беше нивна примена со динамика и во форма која ќе даде брзи ефекти и која ќе ја одржи кондицијата на македонските компании за да опстојат на пазарот. Од стопанската комора и порачаа на владата уште еднаш да ја преиспита намерата од први јануари да бидат на сила новите даночни правила.

„Конкретни информации на кои производи ќе им се менува висината на ДДВ-то засега немаме. Нашата комора, пред една година или година и половина се залагаше за воведување на даночен календар што значи предвидливост, и тој даночен календар ќе требаше да предвиди намалку шест месеци пред стапување на сила на одредени законски измени, па да бидат споделени со бизнис заедницата за да може навремено да се планираат соодветните процеси со деловната заедница. Знаеме дека се наоѓаме во голема енергетска криза во однос на цената на енергенсите на слободниот пазар и цените се многу повисоки денес во однос на минатото месец, и затоа инсистираме, како бизнис заедница да се процени повторно овој момент, дали е време во ова невреме за бизнис секторот да се отпочне со било каква даночна реформа што ќе значи дополнително оптеретување на работењето на бизнисот“, велат од Стопанската комора.

Од Стопанската комора информираат дека планирањето на бизнис заедницата е нарушено од неколку аспекти, и тоа  од цената на енергенсите кои што се уште не знаат колку ќе чинат и на кој начин ќе биде поддржано македонското стопанство. Бизнисмените се жалат дека сите стопанства од регионот се на некој начин поддржани во користењето на цената на електричната енергија, а македонските компании се уште ја чекаат помошта. Дополнително велат како има неизвеснот и во делот на даночното оптеретување ќе биде прашање на време кога компаниите од земјава и колку ќе можат да го издржат тој притисок.

Од владата велат дека ќе има ревидирање на листата на добра и услуги со пет отсто ДДВ со повластена стапка и добра и услуги со 18 отсто. Исто така ќе има ревидирање и на одредени даночни ослободувања за посебни целни групи. Но додаваат дека кога ќе биде готова целата даночна реформа тогаш во целост ќе ја информираат јавноста. Додаваат дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020.

„Стратегијата за даночни реформи ги утврдува главните цели на даночните реформи, а кои се однесуваат на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Во рамки на Стратегијата, дефинирани се пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите кои ги администрираат јавните приходи, и тоа: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и воведување на еколошко („зелено“) оданочување. Подготовката на нацрт-концептот на даночни реформи, Владата преку Министерството за финансии го води низ транспарентен и инклузивен процес, согласно целите и приоритетите на реформите на даночниот систем“, стои во објаснувањето на владата.

Инаку, ставот на експертите е дека сегогаш е добар термин за воведување на прогресивен данок. Но токму тоа одданочување кои повеќе ќе земе од богатите, а помалку од граѓаните со пониски примања,  за него се крои план за одложување, а се друго да биде воведено. Затоа добар дел од познавачите на состојбите се против даночна реформа од јануари. 

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП