26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа два месеци пред крајот на годината, не се реализирани ни половина...

На два месеци пред крајот на годината, не се реализирани ни половина од капиталните расходи – дел од институциите уште имаат 0% реализација

На само два месеци пред крајот на годината, не се реализирани ниту половината од планираните капитални проекти. Од 539 милиони евра колку што државата со ребалансот на буџетот планираше да потроши годинава, заклучно со октомври реализирани се само 227 милиони евра, или 42,1 процент. Податоците се уште попоразителни, бидејќи на два месеци до крајот на годината се уште има државни институции кои имаат нула проценти реализација. И таква не е една институција, туку осум.

Тоа се Советот за унапредување и надзор на ревизијата, кој од предвидени над 25.000 евра за годинава, не реализирал ниту евро. Нула проценти реализација има и Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, потоа Агенцијата за управување со одземен имот која не потрошила ниту денар од планираните над 6.000 евра за капитални проекти за годинава. Потоа, Државниот инспекторат за техничка инспекција за кој било планирано да се потрошат околу 20.000 евра, исто и Државниот комунален инспекторат, Комисијата за односи со верските заедници, Биро за судски вештачења кое имало буџет од над 25.000 евра за капитални проекти. Сепак најкатастрофална е состојбата кај Управата за јавни приходи, која меѓу сите имала најголем буџет за капитални проекти. Таа требало да инвестира речиси 2,2 милиони евра, но потрошила само едвај 10.000 евра, и има 0,46 проценти реализација.

Покрај овие институции, не е мала бвројката ни на тие кои на два месеци пред крајот на годината не успеале да реализираат ниту 10 проценти од капиталните проекти. Во оваа група се Државната изборна комисија, со 5 процернти реализација, Дирекцијата за заштита на личните податоци со 2,9 проценти реализиација, Државната комисија за одлучување во втор степен на управни спорови и спорови од работен однос со 3,92% реализација, потоа Оперативно-техничката агенција ОТА, која не стигнала ни до 7,7 проценти реализација. Таа имала и јак буџет од над 4 милионие вра за оваа намена, но успела да реалзира едвај 308.000 евра. Тука е и Агенцијата за национална безбедност со 2,55% реализација, која исто така имала јак буџет за капитални проекти од речиси 1,6 милиони евра, а реализирала нешто над 40.000 евра. Уставниот суд има 8,2 проценти реализација, Секретаријатот за европски прашања 3,57%, Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните има 1,77 проценти реализација, Инспекторатот за употреба на јазиците со 3,8%, Државниот инспекторат за животна средина со 5,46% реализација, Државниот инспекторат за шумарство и ловство со 6,6%, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со 2,52%, Државниот санитарен и здравствен инспекторат со 5,35%, министерстовот за локална самоуправа со 8,34% реализација. Катастрофални се и податоците за Агенцијата за вработување која од буџетот од над 1,2 милиони евра за капитални проекти, успеала да реализира само 5,58 % или нешто помалку од 63.000 евра.

Голем дел од институциите меѓу кои и јаки министерства имаат од 10 до нешто над 30 проценти реализација на капиталните проекти. А има и такви институции кои го надминале просекот, и имаат по над 80 проценти реализиација. Тука се Агенцијата за разузнавање со 86% реализација, Комисијата за заштита на конкуренцијата со 97,44%, Секретаријатот за законодавство со над 88%, Министерствоот за политички систем со над 88% реализација, Агенцијата за странски инвестиции со 86%, потоа Државните инспекторати за транспорт и тој за градежништво со 83,5% и 95,4%, Управата за хидрометеоролошки работи со 98%, Државниот инспекторат за локална самоуправа со 99,7%, Агенџијата за иселеништво со 98%, Народниот правобранител со 99,8%.

Од министерствата со над 80% реализација се Министерството за економија со 91,3% кое од над 11,5 милиони евра планирани за капитални проекти, реализирало над 10,5 милиони евра. Тука е и министерството за внатрешни работи со 81,2 проценти реализација, кое е од над 10,5 милиони евра, реализирало капитални проекти за над 8,5 милиони евра.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека и покрај тоа што со ребалансот на буџетот се скратија околу 100 милиони евра од капиталните проекти, сепак институциите од сега вкупно планираните 538 милиони евра, не можат да реализираат едвај половина. Последниот податок на финансии за состојбата со капиталните проекти до овој момент, односно до пред крај на ноември покажува дека вкупната реализација на сите институции е 52,7 проценти, или околу 280 милиони евра, на речиси еден месец до крајот на годината.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП