28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски јаглен, нафта, кавијар не можe, но руски дијаманти може

Руски јаглен, нафта, кавијар не можe, но руски дијаманти може

Европската унија (ЕУ) ја подготвува деветтата рунда санкции против Русија, а по јагленот, нафтата, златото, кавијарот и вотката, на списокот би можело да има уште една ставка која изненадувачки ја немаше до сега. Руски дијаманти.

Повеќе од 85 отсто од необработените дијаманти во светот минуваат низ Антверпен. Скапоцените камења од далечните рудници на Боцвана, Канада, Јужна Африка, Ангола и Русија се влеваат во вториот по големина град во Белгија. И покрај војната во Украина, која ја запре трговијата со други стоки вредни милијарди евра, реката дијаманти од Русија, иако во малку помал обем, сепак тече стабилно, пишува Гардијан.

Скапоцените камења се увезуваат во ЕУ иако руската компанија за ископ на дијаманти Алроса е под државна контрола. Русија и Јакутија, големиот северносибирски регион каде се наоѓаат повеќето рудници на компанијата, заедно поседуваат 66 отсто од Алроса.

Извршниот директор на Алроса, Сергеј Сергеевич Иванов, беше еден од првите олигарси кои беа санкционирани од САД на првиот ден од руската инвазија на Украина. Неговиот татко, Сергеј Борисович Иванов, поранешен руски министер за одбрана, исто така под американски санкции, Вашингтон го наведува како еден од најблиските сојузници на Владимир Путин.

Нивното име исчезна

Компанијата, исто така, ја финансираше изградбата на подморницата Б-871 – наречена Алроса – за руската морнарица во раните 90-ти. Подморницата се врати во морето во јуни по осумгодишна надградба која вклучуваше опремување со крстосувачки ракети Калибр, објави руската државна новинска агенција Тас.

Во септември токму финансирањето на изградбата на подморници од Алроса беше наведено како причина за ставање на компанијата на списокот со санкции, но кога Брисел излезе со официјалната листа, нејзиното име исчезна.

Меѓутоа, сега Полска и балтичките земји вршат притисок врз Брисел да ги вклучи дијамантите во следната рунда санкции на ЕУ – деветта – што Комисијата вети дека ќе ги спроведе пред крајот на годината.

Во меѓувреме, САД го забранија увозот на неиндустриски дијаманти од Русија, додека Велика Британија ја санкционираше Алроса во март. Но, ниту една земја нема толку голем центар за трговија со дијаманти како Белгија.

Руските дијаманти и Антверпен

Скапоцените камења се тргуваат во Антверпен од 15 век, најмногу во квартот Дијамант. Таму работат околу 1.700 фирми и 4.500 трговци.

Во 2022 година, трговијата одеше нагоре и надолу, нагло порасна во јуни на 393,8 милиони евра, а потоа исто толку брзо падна.

Портпаролот на јавно-приватната фирма AWDC, која ја координира трговијата со дијаманти во Антверпен, Том Нес објасни дека зголемувањето на трговијата се заснова на договори склучени пред војната во Украина. Штом почна конфликтот, владееше неизвесност.

„Три месеци, мала армија адвокати истражуваше дали зделките се направени во ред, дали сè е во согласност со променливите правила во САД и Европа“, рече Нес.

Вели дека големите компании имаат алтернативи со дијаманти, но дека тоа е проблем за малите трговци.

AWDC предупредува дека 10.000 работни места се загрозени доколку се забрани увозот на руски дијаманти, иако некои аналитичари тврдат дека таа бројка е претерана.

Белгиската влада никогаш официјално не била против воведување санкции за стоки како што се руските дијаманти. Меѓутоа, кога Алроса се најде на последниот список, Белгија, според неофицијални информации, била воздржана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП