21 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИСтраотен пад на доларот, еврото и фунтата!

Страотен пад на доларот, еврото и фунтата!

Вчерашниот ден кој беше во знак на објавата на федералните резерви на САД ни донесе огромни промени на валутната берза.

После еден тродневен мирен пазар вчера следеше една “Бомба” на валутниот пазар, американскиот долар просто се сруши по објавата на федералните резерви и прес конференцијата на челникот Бен Бернанке. Наспроти тонењето на доларот огромен скок следуваше кај еврото, фунтата и другите главни валути, со што EUR/USD забележа “квантен” скок од 1,3340 до 1,3540 во само еден час, GBP/USD ги збриша сите отпори и се најде на рекордна цена 1,6157.

При вчерашната анализа за валутниот пар EUR/USD  може да констатирате дека прогнозата за евентуалниот раст се исполна и повеќе од предвиденото.

Денес на пазарот може да следува едно смирување и корекција на цената на EUR/USD и кај другите валутни парови поврзани со доларот, па најверојатно ќе проследиме еден благ пад од 1,3540 до 1,3450 за потоа да очекуваме нов раст на цената која очигледно е навлезена во оштар нагорен тренд, претежно после вчерашното експлозивно пробивање на сите можни отпори.

Доколку сте тргувале по нашата анализа на форекс сметката со големина од 10 лота, купување на EUR/USD од цена 1,3340 до 1,3457 би заработале 11 700 долари, или со големина од 1 лот 1170 долари.

eurusd_19_09

Ваш најдобар брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП