Еврото во однос на американскиот долар во вчерашниот ден се тргуваше со мали размери и остана помеѓу нивоата на поддршката 1,3360 и отпорот 1,3325, што значи севкупно реализира многу мал обем на движење од само 35 поени или пипа.
Секогаш откако цената на овој валутен пар во еден ден останува во мал обем на движење или формира “Range” следува силно пробивање на цената во еден правец а денес тоа најверојатно ќе се случи.
Како што може да забележите при анализата на графичкиот приказ, на помал временски период со свеќи од 1 час, формирана е триаголна формација во која цената останува подолг период, а при пробивање кое мора да следи на една од страните на триаголникот, најверојатно ќе следи и тренд во истиот правец.
Доколку пробивот следи кон страната на генералниот тренд или нагоре, цената со интензивен скок најверојатно ќе достигне до отпорот 1,3400.
Доколку следи пробивање на долната страна од триаголникот, би проследиле пад на EUR/USD во близина на најниското ниво од претходната недела 1,3282.
На поголем временски период со свеќи од 4 часа, остануваме на вчерашната анализа, а според истата може да се констатира дека трендот е нагорен и се очекува континуиран раст на цената на еврото во однос на доларот, со цел за профит на 1,3457.
Ваш најдобар брокер,
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот