20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите на Јунајтед: Време е Роналдо да си замине од клубот

Навивачите на Јунајтед: Време е Роналдо да си замине од клубот

По интервјуто со Пирс Морган во кое Роналдо ги обвини сите во Манчестер Јунајтед, се огласија и навивачите на „црвените ѓаволи“. Роналдо во интервјуто рече дека „се чувствува предаден од клубот“.

Навивачките коментари се дека Роналдо е тој кој нема почит кон клубот, ниту кон она што го направи во првиот престој на „Олд Трафорд“.

„Што побрзо си замине, толку подобро, не ни треба, го претвора клубот во циркус“, напиша еден навивач.

Се чини дека навивачите на „ѓаволите“ се најлути што Португалецот се става пред клубот.

„Неговото его уништи сè, штета е што на ваков начин ја завршува кариерата“.

Коментарите на јавноста најмногу се дека еден од најдобрите фудбалери во историјата се однесува како разгалено дете, дека клубот треба да се ослободи од него. Од Јунајтед нема реакција, тие се цврсти во намерата да го решат ова внатре во клубот.

Англиските медиуми пишуваат дека Португалецот сигурно е отпишан, но и дека можеби намерно дал вакво интервју за да замине половина година пред истекот на договорот, најверојатно во МЛС каде сезоната стартува во март.

Во секој случај Роналдо се врти кон Португалија и Мундијалот, но општо мислење е дека ги одигра последните минути во клубот и дека во Јунајтед повеќе нема место за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП