8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота од соништата: Пет илјади долари за лежење во кревет

Работа од соништата: Пет илјади долари за лежење во кревет

nasa1

Американската вселенска агенција НАСА регрутира доброволци кои ќе лежат во кревет 70 дена, со цел да се истражи влијанието на микрогравитацијата врз човечкото тело.

За ова лежење, подготвени се да платат пет илјади долари месечно.

Истражувањето ќе се одвива во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон (Тексас), каде кандидатите ќе остануваат по две недели, извршувајќи ги своите секојдневни активности, додека научниците ќе ги следат случувањата во нивниот организам. После тоа ќе поминат 70 дена лежејќи во кревет, каде ќе имаат светло 16 часа, а мрак 8 часа. На располагање имаат видео игри, ТВ, книги, интернет, храна по желба, а дозволени се и посети. Исто така, тука е и можноста за туширање во кревет.

nasa2

Единствени моменти кога на кандидатите им е дозволено станување од кревет се кога научниците ќе спроведуваат тестови за промена во коските, мускулите, циркулацијата, дигестивниот и имунолошкиот систем или кога ќе имаат нова програма за вежбање во кревет, со помош на специјално дизајнирана опрема.

По овие 70 дена следи период за рехабилитација од две недели, во кој кандидатите ќе го враќаат своето тело во форма.

За жал, за оваа работа можат да се пријават само американските државјани или личностите со постојана дозвола за престој во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП