28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравствени проблеми кои можете да ги решите со вежбање

Здравствени проблеми кои можете да ги решите со вежбање

Вежбањето помага за подолг живот, губење на килограмите и јакнење на срцето. Тоа е најдобар лек за сите здравствени проблеми.

1. Анксиозност – Постои секојдневна анксиозност од која сите страдаме, поради работата, парите и семејните проблеми. Меѓутоа, постои и клиничка анксиозност која може да се појави кај било кој човек. Најдобри вежби: За лицата кои страдаат од хронична анксиозност најдобри се медитативни вежби кои се фокусираат на дишењето, како што е јогата.

2. Губење на паметењето – Вежбањето го стимулира протокот на крв до мозокот, посебно до оние делови кои ја контролираат меморијата, вниманието и донесување на одлуки. Најдобри вежби: Се што е ново за вас. Научете таи чи, да играте тенис или некој нов танц.

3. Проблеми со сонот – Луѓето кои вежбаат имаат поквалитетен сон од оние кои не вежбаат. Најдобри вежби: Било која 30-минутна вежба ќе го подобри вашиот сон.

4. Астма – Звучи нелогично, но ако имате астма вежбајте повеќе и помалку ќе страдате. Истражувањата покажале дека подобрувањето на кардиоваскуларниот систем ја намалува тежината на симптомите на астма. Најдобри вежби: Се што ве интересира од кардио тренинзите до надворешните активности.

5. Еректилна дисфункција и ниско либидо – Тоа може да биде причина за стрес, неквалитетен сон и слаба циркулација. Се тоа може да се подобри со вежбање. Најдобри вежби: Било кој вид на полесни телесни вежби ќе ја подобрат вашата циркулација под појасот.

6. ПМС и симптоми на менопауза – Истражувањата покажале дека жените кои минуваат низ менопауза или ПМС, со вежбање ги намалуваат симптомите на овие состојби. Најдобри вежби: За жените во менопауза е најдобар аеробикот. Исто така, јогата, таи чи или пилатес го намалуваат стресот и промените во расположението кои се последица на ПМС и менопауза.

7. Болки во грбот, колкот, колената и вратот – Речиси било кој облик на болка може да се намали со вежбање. Најдобри вежби: Тренинг на сила и истегнување на болниот дел ќе ги намали вашите проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП