6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе има ли „трета среќа“ за намалување на цените на храната?!

Ќе има ли „трета среќа“ за намалување на цените на храната?!

Ниту замрзнати цени, а уште помалку ограничените маржи дадоа некаков резулатат во борбата против инфлацијата. Сега компаниите, а особено граѓаните ја очекуваат новата најавена мерка со која би можело да се намалат цените на основните прехранбени производи.

Власта како опција за намалување на дел од прехранбените производи на производителите ќе им понуди евтина струја, но за нејзино користење ќе треба да ги намалат цените на своите производи. Освен основните производи како што се лебот, млекото, зејтинот, во оваа група треба да влезат и останати прехранбени производи кои граѓаните редовно ги купувале, а сега тие имаат значително зголемена цена и полека стануваат недостижни. Бизнис секторот смета дека простор за намалување на цените постои, но колкава ќе биде цената на струјата и за кого се ќе важи оваа мерка се уште се чека на оваа информација од владата. 

Од Сојузот на стопански комори велат дека барањето на производителите од пекарскиот сектор, производителите на масло за јадење како и од сегментот на производство на млечни производи има за цел да овозможи поевтина цена на електрична енегија што пак директно ќе влијае врз финалната цена на основните  прехранбени производи. Нивното конкретно барање е цената на електричната енергија што би ја добиле од владата да биде до 100 евра по мегават час, или шест денари по киловат час. 

„Ние од медиумите дознавме дека мерката ќе биде од први декември, меѓутоа се уште немаме прецизирано која цена ќе биде електричната енергија која би ја добиле и колкав број на компании се опфатени практично со оваа мерка. Сметаме дека ова е исклучително важна мерка, а особено за следниот период кој доаѓа ќе биде од особено значење за цената на производите се стабилизира до одредена димензија па и се намали. Сметаме дека е потребно да се донесе дополнителен сет на мерки за намалување на ценитен на основните производи, бидејќи покрај цените на електричната енергија, и суровините кои се потребни за овие индустрии и учествуваа во готовиот производ  се покачени за околку 100 проценти“, велат од Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори. 

Од Министерството за економија велат дека се во завршна фаза на комплетирање на мерката. Потврдуваат дека од први декември сите домашни производители ќе имаат фиксни цени на струјата за да ги намалат трошоците за финалните производи. Во планот е околу 150 компании најмногу од фабриките за млечни производи, брашнопроизводителите, капацитетите за производство на масло за јадење, но и останати фирми кои преизведуваат прехранбени производи да бидат опфатени со оваа мерка

„За да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи за процентот за кој ќе им се намали трошокот за струја“, велат од министерството за економија.

Инфлацијата во земјава изнесува 18,7 отсто, а тоа претставува најголемо зголемување на трошоците на живот во однос на најголемиот дел од државите на нашето опкружување. Како потврда за тоа дадоа и меѓународните институции кои ги анализираат состојбите, во кои се наведува дека во Србија инфлацијата е зголемена за 13,2 отсто, Косово 13 отсто, Бугарија 17,7 отсто. Црна Гора има инфлација од 15 отсто, Босна и Херцеговина 16,8 отсто а Хрватска има најмала 12 отсто.  

Од Народната банка од каде велат дека внимателно ги следат движењата со промените на цените пресметале дека просечната стапка на инфлација во земјите од Западен Балкан изнесува 13,5 отсто. Додаваат дека поради големата трговска отвореност на земјите од Западен Балкан, глобалните движења на цените имаат силно влијание врз инфлацијата во регионот. Од Централната банка пак сметаат дека во оваа неизвесност, еден од најважните столбови на политиката на централните банки е навремената и ефективна комуникација со јавноста.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП