Покрај тоа што е здрава и влијае поволно на зајакнувањето на имунитетот, оваа храна успешно се бори и против брчките. Секако, невозможно е да се избришат оние кои веќе постојат, но навистина е возможно да се ублажат и да се спречи појавата на нови.
Овие намирници задолжително вметнете ги во секојдневната исхрана:
Лосос

Најдобар избор кога станува збор за рибата.. Лососот е особено богат со омега-3 масни киселини кои се погодни за здравјето на срцето. Ако вкусот сепак не ви се допаѓа, не откажувајте се комплетно од рибата, туку определете се за сардина, харинга или скуша.
Бадеми

Кога се работи за јаткастото овошје, не може да згрешите, но сепак, бадемите за многумина се особено драги токму поради нивниот карактеристичен вкус. Благодарение на омега-3 масните киселини, јаткастото овошје има можности одвнатре да ги пегла брчките.
Јогурт

Бидејќи содржи пробиотички бактерии кои помагаат во процесот на варење, оваа млечна преработка особено го забрзува метаболизмот кој како што знаеме е поврзан и со процесот на стареење. Покрај јогуртот, во секојдневната исхрана би требало да го внесете и кефирот.
Киноа

Оваа древна житарка изобилува со влакна, но и манган, фосфор, железо, селен и комплекс од витаминот Б. Консумирајте неколку месеци само половина шолја од оваа чудесна житарка и ќе се изненадите со резултатите.
Зелен чај

Иако е пијалок, а не храна, зелениот чај и тоа како заслужува да се најде на овој список. Благодарение на моќните антиоксиданси, вашите брчки ќе бидат помалку видливи, а покрај очигледниот ефект на подмладување, лесно ќе се ослободите и од неколку вишок килограми.
Боровинки

Познато е дека бобичестите плодови се исклучително здрави, а боровинките се исклучително богати со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето и брчките.
Прокељ

Оваа зелена ризница на здравјето значајно го зајакнува имунитетот, го прочистува организмот и го подмладува телото. Иако поради својот вкус и не е особено популарен, прокељот е исклучително богат со витамини и минерали и би требало сите да го имаме на нашата трпеза барем еднаш во две недели.