24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските земјоделци предупредуваат на проблеми со снабдувањето со храна

Европските земјоделци предупредуваат на проблеми со снабдувањето со храна

Емануел Лефевр произведува илјадници тони лиснати зеленчуци годишно на својата фарма во северна Франција, но оваа година можеби ќе мора да се откаже од жетвата поради трошоците за енергија потребни за замрзнување на собраните производи.

Низ северна и западна Европа, одгледувачите на зеленчук размислуваат да го згаснат производството поради финансискиот удар од енергетската криза во Европа, што дополнително ги загрозува резервите на храна.

Цените на енергијата и нафтата ќе влијаат на одгледувањето на земјоделските култури во зима во загреани оранжерии. Ова ќе влијае на доматите, пиперките, краставиците, како и јаболката, кромидот и лиснатиот зеленчук за кои е потребно складирање на ладно.

Лефевр со години одгледува цикорија. Неговото производство е поврзано со голема потрошувачка на енергија. Откако ќе се соберат на есен, тие мора да се чуваат на температури под нулата. Потоа повторно се засадуваат во контејнери со контролирана температура за да се овозможи производство во текот на целата година. Сега фармерот не е сигурен каков род ќе има во зима.

Европските земјоделци предупредуваат на идни недостатоци

Се очекува сериозен удар врз производството и натамошен скок на цените. Тоа значи дека супермаркетите ќе мора да бараат залихи од потоплите земји како Мароко, Турција, Тунис и Египет.

Зголемувањето на цените на нафтата е најголемиот трошок со кој се соочуваат оранжериските производители.

Двајца француски производители неодамна мораа да ги обноват своите договори за електрична енергија за 2023-та година. Тие велат дека цените се повеќе од 10 пати повисоки отколку во 2021-ва година.

„Во наредните недели ја планирам сезоната и не знам што да правам“, вели Бенжамин Симонео-Де Вос, кој одгледува краставици, домати и јагоди јужно од Париз.

„Ако продолжам на ист начин, нема потреба да почнувам следната година. Тоа не е исплатливо“, додава тој.

Цените на енергијата се само дел од предизвиците со кои се соочуваат земјоделците. Не треба да се заборават трошоците за ѓубрива, пакување, транспорт и слично. Тие исто така се зголемија во досега невидени размери.

„Трошоците за производство се зголемени за околу 30%. Енергијата сочинува околу ½ или 2/3 од трошоците во производството на оранжерии“, вели Јоханес Грос, заменик-менаџер за продажба во германската задруга „Reichenau-Gemuse“, чии оранжерии покриваат околу 60 хектари.

„Некои колеги размислуваат да ги остават своите оранжерии празни за да ги одржат трошоците што е можно пониски. Никој не знае што ќе се случи следната година“, додава тој.

Дури и во топлата Шпанија, одгледувачите на овошје и зеленчук се борат со зголемување на трошоците за ѓубрива за 25 отсто.

Според Џек Вард, извршен директор на Британската асоцијација на одгледувачи, неизбежно е производството на овошје и зеленчук да се пресели во потоплите клими.

„Ќе го преместиме нашето производство на југ – уште појужно во Шпанија и во Мароко и делови од Африка“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП