26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер во солзи се прости од тенисот

Федерер во солзи се прости од тенисот

Во својот последен меч во кариерата, најомилениот тенисер на сите времиња Роџер Федерер не успеа да ги освои двојките со Рафаел Надал. Иако стигнаа до меч-топка, на крајот победија Џек Сок и Френсис Тиафо со 2:1, по сетови 6:4, 6:7, 9:11. Сепак, Федерер не го расплака поразот, туку збогувањето со колегите тенисери и сеќавањето на почетоците и поддршката од семејството што ја имаше на тениското патување. Заедно со Федерер плачеа и на трибините.

„Тоа беше прекрасен ден. Им кажав на момчињата дека сум среќен, дека уживам. Мило ми е што издржав, што ништо не пропадна. Тоа беше одличен натпревар“, изјави Федерер пред преполната О2 Арена пред повторно да биде совладан од емоции.

Почна да плаче веќе кога дојде да ги прегрне сите европски репрезентативци, а продолжи и кога се збогуваше со сите членови на ривалскиот тим.

Имаше многу расплакани лица и на теренот и на трибините.

„Добро. Мислам дека се снаоѓам подобро отколку што се снајдов во мојот ум. Барем успеав да кажам нешто“, изјави Федерер.

Сите сакаа да ги видат солзите на швајцарската тениска легенда, а на крајот тој едвај успеа да состави реченица.

„Ќе го поминеме ова некако, нели? Среќен сум, не сум тажен, прекрасно е чувството да се биде овде, тоа им го кажав на момците. Уживав во патиките за последен пат, во сите мечеви, да бидам со моето семејство, момчињата. Мило ми е што поминав низ сето тоа, се плашев да не ми се блокира грбот или што и да е. Им благодарам на сите легенди“, рече Федерер и почна да плаче.

Тој објасни и зошто решил да се збогува токму тука, токму во Лондон и токму на овој турнир.

„Не сакав да се чувствувам сам на теренот, отсекогаш чувствував дека сум тимски играч во душата, тимот патуваше со мене низ светот, благодарам на сите што застанаа покрај мене. Играњето на сите овие Лејвер купови ми изгледа како прослава, на тоа се надевав и на крајот, благодарам“.

Тогаш водителот реши да го праша Федерер за почетоците и колку му значи поддршката од семејството, што го скрши славниот тенисер.

„Никогаш не требаше да биде така, јас бев само среќен што играм тенис со моите другари, тоа беше совршено патување, би го започнал од почеток“. Толку многу луѓе ме бодрат, ти благодарам свету… Мораме ли да одиме таму? (Се смее)“, се обиде да се извлече Федерер.

Иако му било кажано дека не мора да одговара на прашањето, тој решил да продолжи. Уште еднаш почнал да го губи гласот од плачење, а неговата сопруга Мирка сфатила дека е премногу и почнала да вика од ходникот „Прекинете го ова“.

„Барем сум способен да зборувам, во визијата не можев да зборувам. Целото мое семејство е таму, имавме толку многу забавни времиња, мојата сопруга која толку ми дава поддршка. Ми дозволи да продолжам, ме турна, инаку одамна ќе престанав, фала. Им благодарам на моите родители, вие сте неверојатни, имам толку многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам, ова е фантастична ноќ“, заклучи Федерер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП